одар (м.)
Деведесет Христови воскресенија ќе остават зад себе и кога црковната камбана ќе го испрати архангелот Михаило со нивната душа, тие остануваат да лежат на одарот празнично свечени.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Глигор си ја зеде торбата. Уште еднаш погледна на телото што висеше закачено на решетката, и исполнет со гнев и огорченост, се нурна под одарот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Што бара од него Глигор? Да учествува и да му помогне во неговите подготовки да избега од затворот. Да учествува лежејќи на одарот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со клинец неговата треперлива рака ја ископа на ѕидот над одарот, каде што лежеше, реченицата што почесто му светнуваше во мозокот: Тука згасна Арсо во лето илјада деветстотинии и трето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Седеше така долго време, глув дури и на завивањето на волците околу колибата, а потоа наеднаш, како да изби, како да се скина некој обрач што го стегаше, се плесна на одарот и заплака на сет глас, со порој незадржливи солзи во очите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сѐ што било смрт бегало од нив како од смрт и се влечела по нив чудна и болна мелодија со нечуени зборови со кои се споменувало човековото раѓање и умирање, неговиот секавичен пат од колепка до одар - тоа мајка му на Куно Бунгур го оплакувала синот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Освен тоа, Хичкок го користи старото правило, познато уште на Ајсхил во „Орестија“ дека најгрозните дејствија се случуваат покрај одарот: крајот на настаните од таа секвенца е хотелската соба во која љубезно разговараат Елза и госпоѓа Кејпор, од терасата Ашенден со двоглед ги забележува случките на брегот; секојдневниот животен ритам се дроби врз подлогата на нашето знаење дека во тој момент на друго место, насекаде се случуваат напнати и страшни настани што непосредно се однесуваат на соговорниците, непријатноста, нелагодноста се продлабочува со страшната „лоша вест“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога повторно дојде Чана не им завиде што се вовлекле во затворена просторија, туку заедно со големата ќерка, а и со самата Роса, сросаа два одара, поткренати од земјата, ги послаа со веленца и во нив можеа да ја дочекаат следната ноќ.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако одајчето на Нанчо беше како мачилиште, дрвената барака, иако не беше сосема затворена во смисла како ѕидани ѕидови, ни бела како ѕидовите на Нанчо, со својата сиромашна внатрешност, со двата одара и сламарниците над нив, со ламариненото ќумбе во средината, со црното котле врз ќумбето во кое постојано нешто се вареше, со разговорите што се заврзуваа, за мене претставуваа вистинско преродување.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бргу ја префрлија неколку куќи погоре, ја спуштија над сламарниците што не им беа кренати на одари и ја поклопија со разни козинави веленца и кожи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Седеа понастрана, на одарот, во полутемнината. Гледав и слушав.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Лежеше таа на претсмртен одар и офкаше, а царот си ја корнеше косата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И одеднаш, таа се поткрена од постелата, се исправи во половината и се огледа во огледалото царско што стоеше на ѕидот спроти одарот нејзин. Се огледа, се насмевна и – умре.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Чана молчи, ја стиска болката во себе и одвреме-навреме погледнува во трите главички што се стиснале врз сламарникот на дрвениот одар каде што спиеја со баба им.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Што мислиш за болката на Синот Спасител Положен на одарот што човекот го смисли За да го прикаже достоинството на смртта?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)