одгатлив (прид.)
Борхес направи сличен избор: соочен со хаосот во светот, тој го избра редот на библиотеката, сигурноста на одгатлив лавиринт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)