олабавен (прид.)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се чувствуваше пријатно под дебелите черги, стоплен, олабавен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но ако знаат, а сигурно знаат дека е олабавена Селечка, сигурно ќе гледаат да ја фатат неа, а оттука да се влечат кон исток.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Коњот тогаш навистина се џапнал со пропнување и, во напад со предните копита, се истргнал од олабавената рака на својот водач.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но Марко Проказник се изменил и им се доближил со брчките на своите години: Стана некако лесно и го стегна олабавениот колан.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Срнчето беше мртво. Главата му беше опуштена, олабавена, а очите широко отворени и замрзнати.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Главата му беше олабавена, висната во скутот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На грб човек најдобро се одмара, сите мускули му се олабавени и самата душа му е олабавена и спокојна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Другата рака, положена во скутот, олабавена, едвај го држи шестарот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја довлече левата рака до слабината на противникот и го стегна. Почувствува олабавеност.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)