опие (св.)
Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи - во сонот ќе ми блеснеш ти сред тишината, во сиот сјај што целата ме опи, ко оние што блесна дни.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Па ударал нож си остриј в земља иле' на даски, па извиквал с глас си страшен: „Брго ти, ѓаурко, наточи ми вино ројно и љутица врела, чаши стродрамници, ја да пијам, да се'опијам, с тебе ја да легнам, да прегрнам рамна става, очи да целувам, не две ношти, не три ношти, твои црни вежди...“ ***
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
КАРАМАН АТАНАС: (Зад кулисите) Вино, вино ли се твоите очи! Погледна ме, опија ме! (На сцената). За цела недела пијан одам, а за месец мамурлија!..
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ТЕОДОС: Тогаш ќе пијам да се опијам! Дајте го тоа шише! (Пие.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Бог да го убије виното, што ми го опи нункото!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мејанџи море, мејанџи, Донеси вино, ракија, Да пијам да се опијам На бели гради да заспијам Стамено, Стамено, Де гиди, пиле шарено
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кога ќе се опиеше, се бацуваше со амалите, липаше и се издушуваше некако шушкаво. Тоа ги развеселуваше луѓето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тогаш те мразев зашто те немав и се опивав држејќи ја под палто врз седефената дршка десната рака.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И знаеше: српестиот месечко се опивал од врбата по смртта на ветрот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Смеата е еден пенлив допир по цветојте палаиот залез со шепотот румен што ги опил.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
ФЕЗЛИЕВ: Ќе се опијам. Чувствувам дека морам да се опијам.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таму, уште натака Воздухот е расцветан И звуци на запалени бои го опиваат полето...
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
6. ГО САКА ЛИ, САКА КАКО СНЕГОТ ЛАНСКИ - кога ко усвитена сијалица се опи.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
1. КОЈ ПИЕ НА ВЕРЕСИЈА СЕ ОПИВА ДВА ПАТИ - а за трезнење и трето пијанство ќе вети.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А јас - умирам од болка. Се опивам, како ѕвер пиштам по сокаците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во откраднатата крбла за млеко гмечел со боси нозе туѓо грозје, се опивал, ревел споулавено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тогаш, татко ми ме здогледува, како зад грбот на онаа чија податливост ме опиваше крај базенот, вџашено ѕурам во него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)