опрема (ж.)
Петре шетка од олтар — во олтар, ги опрема серафимите, крстот за „входот“ и друго што треба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ни твоите планинари со нивната планинарска опрема...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Подобро кога би имале планинарска опрема.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сум гледал таква опрема во Скопје. Во некои продавници.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И капата на грофот, од оние што се ставаат на глава со цел да се размислува, и големата како планина, величенствено извезена наметка, неизбришливо ја дефинираат опремата на волшебникот којашто останала недефинирана во Шекспировата драма.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа предвоена компанија, настаната како специјален огранок на една од најдобрите светски фабрики за стакло Bausch and Lomb, својата популарност ја стекна за време на Втората светска војна кога американските пилоти како задолжителен дел од својата опрема ги носеа и ray ban наочарите за сонце.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Производството, понудата и продажбата на „hypertext reality“ опремата, на дигиталните информации ќе биде исто толку важно, колку и производството, понудата и продажбата на храна, метални и рачно изработени производи во феудализмот и продажбата на нафта, електрична енергија и земен гас во индустриското доба.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тоа беше 1940г. и камерманот на своето прво патување во Амстердам беше торпедиран и сета негова опрема беше изгубена.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Со употребата на новата опрема - ракавиците и “cyber-suit”-от, коишто се всушност ништо друго туку обновена тастатура или глушец, со начинот на употреба на сопственото тело за пренесување на сигнали на компјутерот и со очилата ќе ги истражиме дигиталните виртуални стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се работи за дело составено од ротирачки платформи, врз кои има голем видеоекран, компјутерска опрема и стол, на кој седнува гледачот/набљудувачот, и со помош на занишувањето на столот (во различни насоки) се произведува движење на погледот во виртуелниот музеј како простор на слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Среброто беше иднината, вселената - всушност и астронаутите носат сребрени одела - Шепард, Грисом, Глен, веќе беа во нив и нивната опрема беше сребрена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Треба гледалиштето да се смали, а просторот за игра да стане голем и простран, со опрема за ТВ преноси за оние кои повеќе сакаат да останат дома.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На економиите на многу земји тогаш им беше дозволено да стагнираат, земјата престана да се обработува, инвестиции за обновувавње на опремата не се вложуваа, на големи делови од населението им беше оневозможено да работат, а државната помош ги одржуваше само полуживи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- А Теми продолжи да чита: „На снежните падини на детскиот комплекс „Бунец“ работат ски- лифтови, има ски- опрема за користење и работи курсот - Научи да скијаш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
1. Ако се испратат какви било суровини или друга опрема тие нема да бидат употребени на најдобар начин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Според Мекдоналд “единствена очигледна причина е недостатокот на опрема“.188 Во средината на август 1944 година ГШ на НОВ и ПО на Македонија почнал да размислува и за спуштање на англиски воени транспортни авиони во Западна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)