опседнат прид.
опседне св.

опседнат (прид.)

Каква одбрана во опседната зграда? – Теслим, бре ќерата? извика омбашијата и тргна со кубурот а едно момче се струполи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го поминав периодот на опседнатост со возовите, но се уште ме возбудува нивниот врисок, кога запираат или поаѓаат кон некое друго градско утро, во тешкиот, замаглен здив на железничката станица.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И покрај совршената техника, новата верзија е неуверлива копија, редење сцени, виртуозност без опседанатост, без вљубениот ѓавол.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Знам, - тажно се насмевна, - опседнат е со тоа откако пред десетина дена се случи она со дедо му Баџак.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие, како и повеќето мажи, беа опседнати од парите и фудбалот, постојано застрашени од сечујната политика.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во Лос Ангелос, Меката на фитнесот, своите сограѓани опседнати со здравје, Лири ги шокира со подготовките да ја „прегрне смртта”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
(...) Авантуристичкиот лик на големиот литерат Марино можеби и не е некаков крунски сведок, но тој кнез на ласцивноста барем нè донесе до препознавање на некои симптоми - еротската опседнатост која на „маниристичкото делување“ му дава специфични импулси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Моларната опседнатост Делез и Гатари ја нарекуваат параноичко-фашизирачка: „Параноикот масите ги претвора во машини, тој е вештак на големите моларни единици, статистички формации, глутнички творби, организирани масовни феномени”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
III Секој во семејството, на свој начин, беше опседнат од енигмата на враќањето во родната земја, но секому му беше јасно за нашата припадност и на земјата без враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Опседнатост со прибежиштето, со допирот, токму тука кадешто сѐ се одвива во една астрална рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пуританска опседнатост со потеклото токму тука кадешто веќе нема територија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Грижи колку да сакаш! Ја мачеше посебно татковата опседнатост со јагулите и згора на сѐ и дружбата со рускиот емигрант.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно дека соговорникот проникнал во неговата опседнатост од метаморфозите што ги доживува јагулата на своето големо патување кон океанот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А тој беше навистина опседнат од големи желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие ми држат стража пред светот, често несигурна, толку опседнати со себе си, што забораваат на човека.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе