опскурен (прид.)
Дури и така, Гринавеј изгледа свесен за секое делче од својата опскурност и неумереност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Многу одамна се откажав од философијата бидејќи мислев дека поголемиот дел од неа е премногу опскурен за да биде од некоја корист во тековната дејност на терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Карактеристиките не се опскурни, туку само игнорирани.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Една од најголемите пречки за запознавање на шизофреничарот претставува неговата чиста недофатливост: настраност, бизарност, опскурност во сѐ негово што може да се забележи. За ова постојат многу причини.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Опскурното се искажува во бескрајната пластична операција што ја изведува феминистичката перформерка Орлан; опскурните односи помеѓу идеалните тела се откриваат во меѓумрежниот проект Bodies Incorporated во кој на посетителите на проектот им е овозможена конструкција на сопствени тела коишто потоа дејствуваат низ пропорции и релации на една однапред програмирана корпорација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
2. Зад оваа опскурна изјава која сугерира успех, за кој владата очекува да биде пофалена, се крие опачината на градењето бизнис рај, се крие грдата стварност на намалувањето на работничките права, на руинирањето на многу човечки судбини.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Самите формулации во измените и дополнувањата, типично, често се доста опскурни.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прикажаниот биланс од политиката на работничка гилотина доста јасно, за секому да му биде очигледно, покажува што е жртвувано, кои права повеќе не постојат за да се постигне таа „возвишена“ цел со опскурно име „флексибилност на пазарот на труд“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Мислите ми се деформирани, презирам, сакам, проколнувам, простувам, заборавам, зошто чувствата се неменливи, фатални и опскурни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)