орен (прид.)
Веднаш доаѓаат до орниот центар и започнуваат да играат.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Така Татко и успеваше да остане спокоен, орен за работа, и покрај брзото ширење на болеста која, подмолно, навлегуваше во сите негови дамари.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На крајот, кога се запозна со ансамблот (со старите и младите, уморените и орните за работа) им кажа дека театарот има прекрасно бифе, а потоа го додаде и тоа дека Оскар Вајлд е негова стара болка и дека е многу среќен што ќе го инсценира неговото дело „Важно е да се викаш Ернест“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Камилски замина замислен, првпат откако се врати од Голи Оток, сега зајакнат и орен за работа, но подјадуван од малите порази што ги доживуваше со луѓето во местата каде што работеше, никогаш со разбирање за неговата трагична судбина и минато на затвореник на Голи Оток, макар невино осуден, потоа и рехабилитиран.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И обајцата, Татко и Камилски, крај нивните обединете обединети и ширум отворени книги за балканските јазици и балканското јаничарство, не чувствуваа никаков замор и беа свежи и орни да го продолжат својот долг разговор, небаре најдени пред нивната духовна еурека спроти целосниот блесок на сонцето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)