осигуреник (м.)
2 Со овој закон се уредува задолжително пензиско и инвалидско осигурување на работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување, а од 2000 година и основите на капитално финансирано пензиско осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Професионална неспособност за работа постои кога работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност, додека општа неспо- собност за работа има кога ќе настане трајно губење на работната способност (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Осигуреникот со преостаната работна способност за кого е утврдено дека не е способен за работа со полно работно време на својата работа или на друга соодветна работа, со или без преквалификација или доквалификација – има право да работи на својата работа или на друга соодветна работа со работно време кое одговара на неговата преостаната работна способност, но не помалку од половината од полното работно време (чл. 48, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како повреда при работа се сметаше и заболувањето на осигуреникот што настанало непосредно и како исклучителна последица на некој несреќен случај или од виша сила за време на вршењето на работата или во врска со неа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна работа и 3) преквалификација или доквалификација (чл. 47, ст.1 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)