осило (ср.)
Над реката, како мост се ниша омарнината, се среќава шило и осило.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Очите ми се превртуваа, колената ми штракаа, срцето ми биеше во грлото, и чекав секој миг пајакот грозен да нѐ заплете во мрежата своја, да нѐ удави, да нѐ голтне живи, со осило отровно да нѐ прободе низ душата, во срцето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стариот писател додека ги изнесуваше незадоволствата од власта настојував да оставам впечаток дека не ги следам осилата на неговата поплака, па оттука и мојата намера да оставам впечаток дека сум упатен на прошетка по полиците со книги.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се вратија во осилото, каде трите оси беа готови да го истурат својот целолетен натрупан бес врз Рада. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)