ослови (св.)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег“. (Адем го беше научил како да го ословува кога ќе влезе).
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Баба Воскресија никој дотогаш не беше ја ословил со госпоѓо.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ме изненади тоа што ме ослови и со името и со презимето, како службеник што ословува клиент на шалтер.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А неговото настојување испитувањата и информативните разговори на осомничените да ги третира и да ги ословува како визити, повеќе упатуваше на пристап карактеристичен за потсмевот или мајтапењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа што сѐ уште ве ословувам со господине е, се разбира, со благ вкус на иронија.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А притоа не најде за потребно ниту да ме ослови!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мене сите ме ословуваа со Софи иако вистинското име ми беше Софија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)