оставен (прид.)
Бидејќи гален Силјан и аџамија, ич ќеф немаше да работи селска работа: орање нивјето, копањето лозјата, жниењето нивјето, вршењето и овците гледање оставени беа на Божина и на Божиница.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Истовремено, Бодуен-де-Куртене му беше еден од менторите на Мисиркова при изработката и одбраната на дипломската работа (1902), а исто така се залагаше тој да биде оставен на постдипломски студии на Петербуршкиот универзитет.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А и самиот еднаш е измамен, оставен, требаше порано да станам, да ја врзам сината кравата, да им појдам в пресрет на дрворедите. Едноставно, без патетичност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не го згрозува воздухот модар пелин, не собира в грло солзи кукавица по својот род оставен в туѓо гнездо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мојот корен и неговиот, оставен вечерва во туѓа постела.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сигурно тој бил испржен за него и оставен в рерна да е топол.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Отаде и најпрвото што го побара, кога се обѕрна околу себе, сега веќе бесповратно оставен самиот со себе, без денот, беше една ниска дебела бука, доста стара и доста глужлива, и нејзината крошна, што беше веднаш над него, на дофат, полна со сува, непопаѓана шумурина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Изрипав возбуден. Го залепив носот до прозорецот и гледав во дворот во кој предметите, оставени од синоќа, не се ни препознаваа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој треба да види и осети дека не е оставен од своите синови и да црпи од нив сили за натамошна борба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се топи детето, ко сапунче оставено во вода. Боледува тој, боледувам јас за него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Знам дека некаде имаше ракија за недајбоже, ама сум сметена. Не знам каде е оставено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Мојата работа е оставена на нива, вели Витомир. Мојата работа, вели, сега никој не ја работи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)