осумстотини бр.

осумстотини (бр.)

Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило осумстотини, илјада молзници; двајцата ќе бидат молзничари, а двајцата — јаловари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓу тие ветви саблерски колиби, во таа пролет, илјада осумстотини деведесет и седма година, се гради нова зграда...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе раѓате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По година- две се сторија триста, потоа петстотини, осумстотини... Приходите се зголемуваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како ли им е на душата, си мислам на оние дваесет ополномоштени бирници, од кои секој со по дваесет души на коњи, кои се распрснуваат да го збираат харачот, знаејќи дека во август веќе треба да се вратат кај господарот и да му избројат до пара осумстотини и педесет илјади дукати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со оган од повеќе стрелци се бијат групни цели на оддалеченост од осумстотини до илјада метри, а тоа зависи од видот на пушката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зар не е доволно знаењето на најмалку осумстотини зборови за да се знае еден туѓ јазик?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)