отспрегне (св.)
Ги отспрегна воловите и тргна да си оди дома. Треба да нареди да се меси леб за утре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така подлетнував, господ да ми прости, само кога ќе ми викнеше да отспрегниме, да растовариме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ги запреле колите, ги отспрегнале коњите и седнале да ме гледаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А таму, на ан кај Стомнаровци, откако ги отспретнаа колите и откако ги врзаа коњите во пондилата, во меаната на штрек чекаа да дојде Аџи Пано, стрико Максимов: по него, за да го извика, Максим го испрати калфата Стомнарски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)