отстрани св.

отстрани (св.)

Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
51. Ете зошто, еден од најглавните долгови на македонската интелигенција е да се отстранат еднаш за секогаш од Македонија бугарската и српската пропаганда, да се основа во Македонија свој духовен центар за Македонците и тој центар, како и самите Македонци, да нема никакво земање-давање со соседните балкански држави и народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш сите национални и религиозни пропаганди, коишто го цепеа народот на разни групи, непријателски една кон друга, ќе се отстранат и ќе настапи мир за народот, за Македонија, за Турција и за Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот, ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Навистина, опасноста не беше наполно отстранета, но оние од опсадата не додеваа по другите села, освен на Градешница и Старавина, та животот се обнови по другите села.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А беше бессилен да го отстрани големото разочарување што го чекаше Велета, понесен од силни внатрешки пориви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: (Му дава знак на Методи да замолчи и го отстранува во аголот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бојан го потсече тој дел одозгора, го одвои од земјата, а потоа внимателно ги отстрани боцките и ливчињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да ја отстрани сосем таа неспокојна мисла, почна да вика, да свирка, предизвикувајќи ги на тој начин од далечина своите кучиња, Караман и Стрела, кои останаа крај колибата, да лајат и со тоа барем до превалецот на Гола Глава да не се чувствува сам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Аскери со кации им тураа на градите жар и ги држеа по тројца да не го отстранат од градите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа тажна вистина најгрубо и ја кажал еден познат лекар, велејќи и дека е непотребно сето тоа лекување, бидејќи нејзиниот недостаток, поради кој не може да има деца е уште од нејзиното раѓање и не може да се отстрани со никакви лекарства.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оние што немаа билети ги отстрануваше од бифето. Ги избрка и сомнителните жени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слушав од овдешните луѓе дека карневалот се одржува во февруарските дни со цел на луѓето да им се овозможи разонода и да се разбијат и отстранат и по овојпат „духовите на зимското сивило и едноличност“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го отстрануваат од сите главни места и установи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бледата светлина од ламбите на голите ѕидови им ги отстранува цртите и им ја изедначува бојата на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Второе: се отстрануваат решетките од прозорците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе