парира (св. и несв.)
Од тој поим - направен, се сеќаваме, за да ѝ се парира на француската доминација - се создава еден дотогаш непознат облик на авторитет.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За еден чешит-некое претпријатие на нашата Социјалистичка Република Македонија се обиде да му парира на Краш Експрес.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Анализата на првите неколку варијанти покажуваат дека белиот може да најде добар одговор и да ги парира лесно сите негови заплашувања.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)