партал (м.)

Нагазив на овие замотани партали! (Покажува на бебенцето што го носи Цонка.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Визбата беше широка и полна со дрва, буриња, вреќи, партали.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ене, да се увериш. Ене, Крчо каде си и носи парталите кај сестра му. — И се разнесе едно танко — „аха ха иии ихи!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил негибнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака татко сто венчавки нека пее, јас ќе си терам кумитлак, он нека си тера поплукот дури да го вати Петре за партали“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата ги повиваат во конопни партали од вреќи до колку не умрат во првите шест недели од студ или глад, бидејќи мајките ни до третиот ден од раѓањето не се поштедуваат од тешките полски работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На едно место сурија диви свињи го имаше испревртено снегот, изваѓајќи на површината партали слепени оломнански лисја од шумурината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно брадјосано мажиште, целиот во партали поради што изгледаше како полнета џиновска птица, се истурка меѓу луѓето напред.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Што чекате! Собирајте ги парталите, ќе ве носат некаде...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го погледна трупецот отстрана. Од едниот крај виде отвор, затнат со партал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ тркалцето што го направи со дланката убаво можеше да види како прелетуваат не снегулки, туку бели партали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шо е воа, живот ли е? — покажува на децата и на нивните партали. — Шо правиш ти, мори црна чумо?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие го видоа караулот, а и тој ги виде и ги дочека да му се приближат: — Вила, другар, вила! — викна од десетина дваесет метра Тоше, што караулот го умири и одговори: — „Вамо", другар „вамо", ајде, побргу влегувај во растот да не се парталиш на пресопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Циркусот ја запоседна широчината крај езерото, и тие денови во селото не се знаеше кој човек е оттука, а кој циркузант: се облекуваа и децата и возрасните во партали, се шараа во лицата со бои, редеа маски и трчаа по сокаците како василичари, скокаа, врескаа, правеа сѐ што ќе им паднеше на ум.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се крева земја, камења, пушки, човечки партали и сѐ паѓа наоколу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка Евгенија ги викна поголемите девојки и тие, заедно со неа без прекин переа, ги бањаа малите, нас нѐ истрижаа до гола кожа, ноќе ги вареа парталите што останаа врз нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нејсе, на одење, на нашки ми рече: - Земи си ги парталите и качувај се во камионот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не ми го фрлај шинелот во купот стари партали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе