педантен прид.

педантен (прид.)

На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Винстон размисли малку, потоа го привлече говорпишувачот и почна да диктира во познатиот стил на Големиот Брат: стил истовремено војнички и педантен и, поради навиката да поставува прашања и веднаш да одговара на нив „ Каква поука, другари, можеме да извлечеме од овој факт ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што ме знаеш педантен, јас би сакал веднаш сето тоа да е чисто, прибрано, а тоа сè уште не е можно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не ми беше лесно читањето, бидејќи се работеше за текст пишуван на рака, со својствен ракопис, ракописот на учителот Димитрија Боте, кој навистина беше педантен, но сепак својствен, а покрај тоа и текст пишуван со еден правопис на кој не бев навикнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ХЕРЦОГ: А што ако е педантен, циничен Германец со два демонски заба на горната вилица?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но среќа моја што сум педантен - во еден тефтер водам евиденција за секое писмо, факс или и-маил што сум ги пратил откако дојдов во Холивуд, така што треба само да ги прегледам сите 3.000 адреси од тој список и вистината сама ќе исплива на виделина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Беше строг, крајно дискретен, конспиративен, педантен, секој збор му беше одмерен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А беше педантен и чист секогаш, во бела кошула испеглана и панталони со раб „жилет“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
До крајот на својот живот беше педантен, и покрај тоа што во последните години ослепе и не можеше сам да се грижи за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)