педесет (бр.)
154. За првото еве што може да се рече: Македонците сите заедно се викале Срби не повеќе од педесет години, а во некои делови, и тоа во северните, нека било сто и стопедесет, но не и повеќе години.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Виде ли? Така пари се печалат! Овде два, онде три, ваму десет, таму педесет гроша - ете ти сермија!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЈОРДАН: Де! Де! Триест лири за Симка и дваесет за свадба, доста се. Педесет лири не се многу...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Тој виде на педесет шеесет метра под патот обесен човек на една бука, но не за врат, како што слушал оти луѓето ги бесат за врат, ами за нозе, надолу со главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А, лебами, јас од тоа живеа, нека ми платит. Море, кога ќе си помисла оти на владиката во Битола му и брои педееет ж'ти на една рака за да ме стори поп цревата ми се буричкаат!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ајде жити вера, да не правит беља на селото, та царот не пропаѓат од еден, два, десет, педесет и сто пезевенци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Приготви педесет и два таками облека и еден понеделник ги направија сите јаничари.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тврдат педесет години која била султанија на еден од твоите ни дедовци и прадедовци и дека во тие фермани и берати пишувало дека тој крај од големата наша царштина бил подарен од некоја ѓаурка Мара пред сто-сто и педесет години која била султанија на еден од твоите прадедовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од карпата го делеа само стотина и педесет метра, беше доста далеку за да се мисли само на еден истрел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе продадам, емен, сосем луѓе. Десет тајфи, околу педесет души — сите за работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Шири капата, побратиме! — му вели на Бешот. — Десет, дваесет, триесет, сто, двесте, и педесет. — Еве, за педесет пушки јас плаќам, a за педесет ќе ме почекаш за некоа и друга недела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оти во тој јуриш од двесте и педесет души од мојата чета, останавме само триесет.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Долги се педесет до шеесет сантиметри а дебели не повеќе од пет.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Погледни ме каков сум. Годинава наполнив педесет и пет.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И во своите педесет и три години се надевал дека ќе има деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Создавајќи го овој псевдоним пред повеќе од педесет години, Деснос го призна Duchamp како мајстор на еден тип на концептуална уметност, каде што зборот „концептуален“ е употребен во оригиналната дишановска смисла, т.е. како спротивност на ретиналното. 90 Во светлината на алхемиската традиција, уште попоучна е анализата на хомонимот на зборот Сол - scel (жиг).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Исчезнуваа имиња на улици заменувајќи се со нови, имиња на плоштади и градови, исчезнуваа фотографии и забелешки во енциклопедиите, исчезнуваа луѓе, исчезнуваше една митологија и се заменуваше со нова, исчезнуваше една земја и се заменуваше со нови, исчезнуваше едно време од педесет години...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)