пеколен прид.

пеколен (прид.)

Планинскиот живот е пеколен, браќа, и борба да водиш со тиранот — тешко, но блазе му којшто без зазор се враќа, до крајот да води сражение жешко.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од пеколната врева сонцето испука и ја нападна земјата со усвитен дожд.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Отпрвин ќе го фрлиме во пеколна агонија дивиот молох, твојата и нашата несреќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Размислуваше за ситните настани, ги откриваше грешките на луѓето, растрчани и растргани во оваа пеколна драма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше трпелив, всушност само чекаше, тука на три метра под него, вршејќи си ја својата работа со една упорност што вџашува; а тој горе беше оној чеканиот и не можеше а да не го сети просто како го престегнува во самата гуша допирот од таквата пеколна морница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога си легна во својата топла, миризлива темнина на ложниците, по него пак, како некој што постојано го демнел од темничината, обрасте онаа мисла за самјакот и за себе си сам, и пак го потисна во познатата пеколната притивнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го расплете со нов истрел и тоа пеколно клопче, само од тоа што не можеше повеќе да ги гледа. Ги снема сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали тоа изгледа како премин од јава во сон, или е проследено со пеколни маки...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие го одмараат окото на посетителот и го принудуваат да подзапре, и покрај пеколниот шум, да ужива во убавото на најубавата архитектура во Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Внатре е пеколна жештина. Жена му со детето веќе спие, а тој се гледа пред големото огледало во бањата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И ќумбето тропа и пука, а војниците бегаат, мислат некоја пеколна машина е фрлена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стана пеколно, и на колекционерите не им беше веќе до купување затворенички сувенири и реликвии. Ја напуштив Финска.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Под маската на љубопитен ентомолог, Петар Бем го спроведува својот пеколен план на освета.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Од пеколната врева сонцето искпука и ја нападна земјата со усвитен дожд.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Смислував пеколни планови за својата иднина, утешувајќи се на тој начин.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бил премлад да ја соголува во мислите како што ја соголувал во себе, ја кинел и ја апел Арсо Арнаутче пеколната богородица без рожба, златоликата Фиданка Кукникова. Бол, скреж на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На таа страна од градот се наоѓа бездна, страшна како пеколните длабини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ворхол во тоа име го ангажира и сценаристот Роналд Тавел, па дури во еден момент ги откупува и правата за романот „Пеколниот портокал“ на Ентони Барџис според кој е снимен Vinyl (оваа верзија ѝ претходеше на Кјубриковата).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе