пени (несв.)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Под него стрчат спили како разголени челусти, а под нив се удира и пени морската вода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Напати му се причинуваше дека се тоа бранови што се креваат, шумат, се пенат и тамам да го поклопат се расчленуваат на најразлични бои кои треперат, треперат додека не се претворат во шарени кругови кои се вртат, се вртат околу него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Иди така водата откај Вендиовци, се мати, се пени, и сѐ под себе корне и понесува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Рацете ми треперат. Отворената уста ми се пени. Ноздрите ми се шират забрзано. Очите ми се превртуваат.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Грчеше, се пенеше работејќи. Таа го спречуваше, секој пат, го одалечуваше, госпоѓата Мервин, секогаш толку грациозна, неуморна. Никогаш никаква грубост.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Некои од нас сонуваат
необични животни
со гриви возвратени околу вратот
со набрекнати и за кас спремни бедра
како млади гиздави девојчиња
со копита за долги копкања
суштества што ’ржат и се пенат
од милост што се топат
суштества на јаве невидени
невјавнати, на лов неоднесени
би рекол и незауздани, неоседлани
неразждребени
а не знам од каде ми навираат зборовиве
непознати како животните
и бистрооки.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)