пеплосан (прид.)
Избегав кога го видов тоа - не можев да ја поднесам потсмешливоста на неговите пепелосани усни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Голема несреќа се случи! - рече симнувајќи се, сиот пеплосан во лицето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Седам во тремот додека наближува дождот него летните запурнини го навестуваат премалените треви пеплосаните лисја на црешата лепливите мириси на летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Избегав кога го видов тоа - не можев да ја поднесам потсмешливоста на неговите пеплосани усни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А и не можеш да не ги видиш тие истркалани глави со пеплосани лица, со ококорени очи и со отворени усти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пак се собравме околу огновите. Со ококорени очи го гледавме умирањето на пеплосаните гламни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓу две пеплосани гранки парченце синевина и ронче облак - како бела грива.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали затоа што сакаше баш така, да ги види пеплосани, и рисјани и Турци на едно место, знаејќи дека никому не му прави по волја, иако тоа никој не ќе го каже?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Утредента полициската станица осамна пеплосана.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Колку за смирување на духот, со ногата удирам и копам во пеплосаната земја, исфрлувам скршени керамитки и од пепелта подигам парче камен.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Стави крај на секоја гадост и сите злосторници што убија надеж оставија само пеплосана младост пустош зад себе немилосрден грабеж
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Куќите урнатини и пеплишта пеплосани ќе ни ги сторат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)