перика (ж.)
Ене го, Жан Мартин застанува пред терасата на локалот „Пергола“, го вади својот маслен халпцилиндер и го покрива темето со остра перика на малоумен баварски селски ѕвонар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со коса црвеникава како перика и темни очила, постојано купуваше плочи во музичкиот магазин.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во тоа време Џеки беше тотално во drag - заедно со смеѓата перика и темниот кармин и макси сукњите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Грета станува, од масата го зема шишето шампањско и му го расипува врз глава претходно симнувајќи му ја периката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А се сеќавам на своите почетоци пред години, кога го снимав младиот Минхен Муаремов, во розов фустан и црна перика на главата, како рецитира една стихотворба што тогаш ја смисливме и ја крстивме „Песна за Холивуд“...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
- На таа, - повторно се брецна Роска - на таа ако ѝ ја избришеш шминката и ако ѝ ги симнеш вештачките нокти, трепки и перика, ќе изгледа како гола кукла на излогот од „Нама“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)