перифериски (прид.)
Надвор, по периферските дрвја, луто гракаат чавки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш, со иста продорност, `рзнувањето пак ги раздроби ѕидовите на таа перифериска куќа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа се влече низ планинските теснини, ја следи реката, лази незабележливо низ полето, ги обвиткува крадешкум перифериските куќи и наеднаш е на улиците: како непријател што ги измамил градските стражи и се пробил ненадејно низ слабо бранетите места, таа наѕирнува зад аглите, претрчува преку раскрсниците, ги освојува куќите една по една.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Навечер веќе пред портите на перифериските улици излегуваат жени и си ги чешаат јазиците.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Повлекувањето во мали перифериски места не ми донесува спокој.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во големите бучни чудовиштни градови или во малите заборавени перифериски местенца.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Александар забележа дека луѓето им се тргаат од патот додека поминуваат низ тесните перифериски улици, излегуваат од малите дуќанчиња и ги поздравуваат со благо поклонување, а кога сакаше да му плати на продавачот на ѓевречиња, тој тоа принципиелно го одби.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)