пејачка ж.
пејачки прид.

пејачка (ж.)

Сите се закикотија. Пејачките гладно се сјурија по парите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Андоне бре, дојди ваму... - Го надвиши пеењето на пејачката пијан машки глас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не кажав за љубовната врска меѓу балерината Клавдија и пејачката Ники.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напишав за кој тим навивам. Кој пејач и која пејачка сакам. По која артистка лудувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во тогашното најдемократско оксфордско диско со егзотично име „Ramses“ (кое само по три години, кога пак го осетив Оксфорд, веќе беше струшено) каде што тој, заедно со уште тројца и пејачката, Индијката, беше live music тапанар во паузите кога диск-џокејот се одмораше од пуштање плочи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тука, следени со инструменталните арлаукања на оркестарот „Критериум“ и неговите три пејачки, кои како митски магбетовски наречници завиваа околу нас, ги жртвувавме последните денови на нашата младост, положена на олтарот на нашето безумие.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Претпоставувам, кога Шакира била мала, играла и пеела, сонувајќи дека еден ден ќе биде славна пејачка и танчерка. Го постигнала тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На пример, би била добар стилист, можеби глумица или пејачка. А зошто не би била и танчерка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Била голем талент со блескава пејачка кариера, но при една банална операција на крајници ѝ биле оштетени гласните жици, по што пејачката кариера на врвен солист ѝ била запечатена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако можев да одберам секако би рекла дека сакав да бидам талентирана пејачка, со вонземски глас или практичен банкар со жена и швалерка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За предвидувањето Гледам на Телма некоја пејачка се откажала од пушење, со методата на Ѓорги Филев, и отидов зашто желба имам, а пари за цигари сѐ помалку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми раскажуваше колку имала желба да стане пејачка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)