пискул м.

пискул (м.)

Гимназистите си дојдоа од Прилеп во градски алишта: палта запетлани до гуша со жолти петлици, пантолони со широки ногавици и нови углеисани фесови со нови пискулчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, тоа се стори шо се стори, гледај ми си и Доцо дечињата и барај ми си капа според ќелавата глава, та не гледај оти векот носиле фесови со пискули или дури и паларии. Тие глави се други глави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На фесот имаше две педи долг пискул.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едно перче коса му паднало на челото ко пискул.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Поттурни го кон мене, - вели пискуљот, - на две да го расцепам на белки кога ќе биде двајца ќе може да основа и Црвен крст.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се тркалаат на една страна отсечени глави и на друга шајкачи, кечиња, калпаци, шубари, пискули, фесови, чалми, козирки. Сини, бели, сиви, црни, црвени, бели...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По него, ама за чекор, скоро рамно со него, одеше Геро како асистент - снимател, со камерата на рамо, небаре со прваче на кркач, а на папокот му ѕвечкаше синџирчето со клучето и ножето, како срмен пискул за џебен саат со капаче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Носеа плитки, меки фесови со долги, црни пискули, а само најстариот меѓу нив фесот го имаше и зачалмено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)