плеска (несв.)
„Навистина! Летка како да е вистинско!“ - се чудеше сестричето плескајќи со дланчињата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Плескаат картите, измрсени, поцрнети од многу играње.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сум ги потпрела патериците под мишка и плескам, аплаудирам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зад мене народот уште си плеска со рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ние се вртиме со Коста, а сиот народ околу ни плеска.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ЉУБА: (плеска со рацете и се смее) Таа потврдува!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Исто така бевме и големи љубители на LSD, така што често муралите што ги плескавме ги ширеа и отвараа ѕидовите, а публиката на нашите перформанси се претвараше во кокошки, зајци и мали сиви полски глувци. Беше забавно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Да пее народни песни, плескајќи со рацете по водата?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од вагонот се слушаше само едно бодинање и едно Ух Ух Ах Оп, па едно плескање како кога плескаат петли наутро качени на плет и пак бодинање и она Ух Ах Ех Оп!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- А не кажуваш зошто! Не кажуваш...! - плескаше со рацете Јана - Или не знаеше дека некогаш, а можеби и сега во некои делови на земјата прстите ги заменуваат зборовите?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога престана да му плеска на она првомајско привидение Пепрутката, веројатно понесена од некое посебно чувство, ми го постави најчудното и најнејасното прашање: дали сум посакувал да учествуваме во некоја заедничка игра, игра во која ќе имало малку свеченост но многу возбуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мирисот на храна што излегуваше од неговата уста ми лебдеше пред лицето, а неговите гровтања се мешаа со чкрипењето на креветот и шлапкањето на неговиот меснат стомак кој се плескаше од мојот грб.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тој паднал настрана и почнал да крвави на чаршафите додека девојката го плескала по лицето за да се разбуди.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Преку уметноста на многу суптилен начин, им се плеска на сите вистината во лице.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како заклучок од сета таа борба во мене, му ја плескам тортата во лице на момчето.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)