плунка (ж.)
Потоа плукна на црниот под од каросеријата, ја размачка плунката со босата нога и продолжи благо: - Арсланчиња, имам книга.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Плунката му беше опора како ’рѓа; ја чувствуваше в уста и не можеше гласно да се насмее.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Другпат сонува: фатиле големи студови; дрво и камен пука; да плукнеш, плунката ќе ти остане замрната на устата; силен ветер крева бранови од езерото и ја опсипува куќата, но брановите како што удираат на куќата, така се замрзнуваат; куќата се обложува од сите страни со мраз што свети како стакло и таа заличува како куќа од сказните; но кога почнува да ѝ студи во одајата, таа стрчнува да оди во тремот да земе дрва, но вратата е прекриена со мраз; кај има излез, кај има излез, господе, си вели и се тресе од студ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ама плунката му се враќа и му паѓа на лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Им затреперуваат брадите. Затреперуваат образите. Загледани во ливчето хартија, одвај ја подголтуваат насобраната плунка. Се шират зениците.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само за миг, обликот ми заличува на заробен човек, обвиен со мека но непропустлива чаура, како инсект фатен во плунката на паукот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не знам кога ми се врати одново плунката в уста.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си ја собираш и плунката в уста.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се смеел збунето шмркајќи и со кисела плунка во устата и Адам Лесновец оставајќи ја ластегарката и вадејќи го од појас чеканот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сириецот се исклештува, терајќи го најмалиот, голобрад придружник (сѐ уште исплашен од приказните за крвожедната Гило што во пустелија со пајакова плунка им ја цица крват на децата сè додека не им ја остави виснатата кожа) ситно да се закашла, придвижувајќи го натежнатиот простор како леснонога искра што се впива во молчалив преграб: - Не убедувај се дека тој ќе те заштити.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тогаш, го издига жолто-кафеното тело, саска, дуејќи го растегливиот врат сличен на штит, ја отвора челустата со остриот заб, набрекнат од отровната плунка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Забележа како на едниот, на крајот од устата, му потекува капка плунка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Исто како што социјалната организација на мравјата колонија се одржува преку меѓусебна размена на плунката, така и кај нас, луѓето, нашата социјална организација се одржува преку меѓусебната размена на говорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не верувам во преголемо трошење на плунката.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Свесни сме за разликата меѓу плунката внатре во нечија уста, и некоја плунка во просторот, пет сантиметри вон устата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
ПЛУТА - „Многу сум му лута на господин Плутониум!“, рекла една плута што мирно си пловела по една река толку загадена што ја нарекле Плунка. (забележил: Плутарх)
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Колку повеќе џвакав, во устата чувствував сѐ поголема горчина, што предизвика невообичаено лачење на плунка.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тогаш барем залепи ја со плунка врз сијамецот твојата душа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Грлото ѝ се исуши, ѝ снема плунка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)