плута (ж.)
Чизмите на Шарик се од плута.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
ПЛУТА - „Многу сум му лута на господин Плутониум!“, рекла една плута што мирно си пловела по една река толку загадена што ја нарекле Плунка. (забележил: Плутарх)
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тој ја остави шолјата на шанкот од плута.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Така, држејќи се во каква - таква рамнотежа, како одненадеш испливан средорек по секнување на поплава, небаре гранична плута што се додржува до замислената точка без да дозволи брановите да ја одвлечкаат на едниот или спротивниот сув брег.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А кога ќе ја отнеше тапата од шишето, таа пукаше како ќорфишек од берданка - шишето завиткано во стари весници, стуткана мукава или, сплетено ако е поголемко, во ѓолско лико, а тапата не од плута како што беа граничните пловки на езерото туку од исушена кочанка што излегува од устињето насилно, со офкање.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)