поаѓање (ср.)
...исток и запад сепак остануваат само поаѓање и заод а преминот потполно емотивен засолнет од броење од подоцна од порано топлината на кожата (пресвлечена во пижама спортска маица свечен костум) е тука под ткаенината каде не сум ниту добар ниту зол ниту малограѓанин ниту бунтовник единствено љубопитно тело...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
4 Пред поаѓање не знаеле дека патем ќе ги следи нечујно и со замрзнат здив непознато чудовиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудно било што и до тој суров Онисифор се допира набожноста на очајот, што едно од многуте пипала на тој очај се движи кон неговата загатливост, зашто само тој пред поаѓање не ја отпечатил крвта на својот палец и показалец во манастирското Евангелие и зашто само нему му рекла игуменијата Минадора дека ќе му суди под бочва некој калуѓер Кузман или Дамјан доколку му никне тртка на носот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По пат го најдов Бошко и заедно стигнавме до баталјонот кој беше готов за поаѓање.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бев речиси спремна за поаѓање, но не можев да го оставам Методија болен в кревет.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Писна сирената која го најавуваше поаѓањето на возот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Токму тој дар ѝ се вгнезди во главата уште на поаѓање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Твоето поаѓање го сруши ѕидот на осаменоста... Отсуството засекогаш ме направи тажна.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
На полицата ја сместив и кутијата со колачи што ми ги припреми мама пред моето поаѓање за Париз.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Поаѓањето на возот ги раздели двете пријателски раце.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)