повели св.

повели (св.)

Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
РАЈНА: Повели, стрико Кољо. (Ги става пиперките пред него и му го подава пагурчето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Е, повели, зету. (На побратимите). Елате и вие горе да видите.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО КОЉО: Живи-здрави! Сѐ за добро! На радост да тргне! Господ да повели на венчавање, крштавање!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПЕТРИЈА: Да си ми жив, куме, да ни крштаваш, да ни венчаваш! Да ти е жива кума Праскарева и кум Томче! Господ снаа да ти даде! (Пие, на Арсо.) Повели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: (со левата рака му го подава на Пандета пагурчето, а десната ја држи на градите) Повели!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНА: (му подава мало столе на Анѓелета). Повели вујче, седи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мече итро го скри црцалото в пазува и едвај задржувајќи се да не се насмее, се затрча надолу, викајќи: – Кој сака вода, повели!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По волја ли ќе е една мала балерина за вашето тоалетно масиче? Заради расположение. Три динари, повелете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Повели, невесто, едно здравоживо од старата. Повелете на госје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Трајко само чести. — Повелете, бег, повелете ефенди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повели, бујрум, ористе, шо велаат солунките! — и ја зеде оддесно да ја води горни крај, туркајќи ја вратата на мандало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури едно време успеа да изусти: - Повели, ефенди! – и ја ведна главата кон земја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Немојте овде да спиете, вели, има диви ѕверови. Повелете во мојата колиба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Август! - Повели. - Ти Виена ја споменуваш за да ме лутиш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повелете, што се вели, мевце пресно каснете, посилни ќе станете и подолго ќе живеете!...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: (Ѝ го подава писмото.) Повелете, прочитајте го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А ти повели, па стрелај кога ќе ти се види најинтересно... (Го кине пликото.) ... само не заборавај, твоите истрели ќе привлечат овде луѓе, сеирџии и дека со тоа овој дом ќе стане сосем негоден за довршување на акцијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе