повидок (м.)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дарвин скоро ги завршува патувањата со бродот Бигл преку многу мориња и ги допроучува создавањето и променливоста на органскиот свет откривајќи нови повидоци кон зоологијата, ботаниката, геологијата, палеонтологијата, антропологијата и етнографијата; во еден дел на Македонија масовно пцовисува од некоја чума запрежниот добиток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нејзиното детство не е изложено меѓу редови
ни дадено на повидок.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Втора слика:
Изземена и сама
со ишмукан страв се одлучувам
без предрасуди да му се обратам
нему цел живот што го имам одозгора
тоа сум јас, му велам
мојот прв израз
му давам интимен знак
со порозни простори во говорот
небото ми одговара и ги пушта на повидок
своите начичкани светлости, своите рани
зашто, обата без сон
полноќе најдобро си ја поимаме
судбината да не се допираме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Шитскиот поредок веќе беше на повидок. Секое мислечко суштество требаше или да се затупи или да умре.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Конечно желбата за која четири години сонуваше беше на повидок да биде исполнета.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Рада, која го слушаше овој испрекинат разговор, веќе разбра дека на повидок беше уште една лоша вест.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Иако покајувањето му трае повеќе од година и половина, смирувањето сѐ уште не беше на повидок.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во ова време најмногу се учи од историјата која вжештено тече во Цариград, во време кога се судираат две цивилизации и на повидок е нешто трето, за кое треба да се избориме.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)