поделеност (ж.)
60. Претскажувањата на Мисирков се исполнија – ако се има предвид СР Македонија, но тоа ќе постои како прашање сѐ додека постои поделеноста на единствената земја и единствениот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓу жителите на Рајските острови владее поделеност – „Федералистите“ и „сепаратистите“ засега се изедначени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имаш објаснување за таквата поделеност во мене?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)