подмолно (прил.)
Подмолно ме гледа низ светкавите клепки. Се обидува да изнајде што ѝ готвам. Сѐ уште се шегувам, тоа ме разонодува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не гледаше и знаеше: кругот се стеснува - полека, со сигурност, и подмолно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По ѓаволите! Денес самата фаталност решила да му се исмее жестоко и подмолно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А оној продолжи и сега да отскака исто како да не се случило ништо, цепејќи ја белината на сиот оној простор нагоре, пречекорувајќи и по десетина метра во еден заграб, додека земјата подмолно протатнуваше од секој негов скок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го нема веќе ни германското врескање, ни нивното заканување, ни кантите со бензин приготвени сѐ наеднаш и подмолно да збришат и голтнат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во тој момент Црна почна подмолно да јачи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Собраните пари божем за ѕидање црква, рече, Симиќ ги собирал за себе; тој подмолно лаже кога вели дека тие пари за да се умножат со мамеле им ги позајмувал на беговите; луѓето се живи и не се преку море, како јас што ги прашав може и секој друг да ги праша, па сам ќе се увери дека не зеле ниту еден грош од Симиќа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама нема да го отепам подмолно, во некој дол и на ничиј синор.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Подмолно ме гледа низ светкавите клепки. Се обидува да изнајде што ѝ готвам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И не само лицето - и гласот му бил чуден, со подмолно длабок звук во нејасно развлечените зборови. Не го разбрале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Измислува, рекол изѕемнато Цене Папчев; непреспаната ноќ оставила под неговите очи дамки на своја темна крв. - Подмолно сака да нѐ трогне со лаги бутмишов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веќе е тука, пустината, и подмолно ги демне!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пред Револуцијата, тие биле подмолно угнетувани од капиталистите, биле изгладнувани и камшикувани, жените биле присилувани да работат во рудниците за јаглен ( жените, всушност, сѐ уште работеа во рудниците за јаглен ) децата биле продавани во фабриките на шестгодишна возраст.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше тоа испиено еврејско лице, со огромен кадрав ореол од бела коса и со малечка козја брадичка - умно, а сепак некако подмолно лице, со еден вид сенилно лудило во долгиот тенок нос, на чиј крај стрчеа чифт очила.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така Татко и успеваше да остане спокоен, орен за работа, и покрај брзото ширење на болеста која, подмолно, навлегуваше во сите негови дамари.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нешто во неа веруваше дека е така, го знаев тоа по некоја нишка среде испреплетената истоштеност на нејзиниот глас, по невидливиот зрак отаде болката во нејзините очи; но мене тие зборови, кои во своите мисли ги изговарав со нејзиниот глас, сепак ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)