подножје (ср.)
Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Во подножјето на Беласица ја извиваше веќе својата вита снага каналот, грмеа експлозиите на последните мини.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој се насмеа, се поздрави со сите и со леки чекори се накачи кон подножјето на планината Пелистер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во Дебарца, во подножјето на планината Караорман, има едно малечко и убаво селце.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Околу пладне патот се засечува во подножјето на планината.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се најдоа во подножјето на Чукарот. До врвот немаше повеќе од стотина метри.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Напуштајќи ги, пак, ливадите, во правец кон населбита во Потковицата, која е сместена на Станкоски Рид и под неговите подножја, или во павец кон излезот од Потковицата, иако земјиштето е рамно како дланка, човек е приморан да прескокнува многу долови и ендеци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Неколку парталави дечиња го следеа, но како го оставаа Градот, и се наближуваа до подножјето на планината, така ја губеа сигурноста, едно поедно се повлекуваа, исчезнувајќи во испарувањата на Градот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Стигнаа пред Ридот. Од подножјето до дворецот кривулеа камени скали.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во подножјето од планината војваат мофашите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тагата по селото во подножјето на северната скопска црногорица ги гонела со труд да го совладуваат бавното движење на времето, во таа доба на годината ненадејно смекнато од јужно ветре и од сладострасност на цутната разбуденост на овошките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред нас е подножјето на ридот на кој се извишува тврдината Кале во чија утроба исчезнале козите од романот Времето на козите на Луан Старова.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)