подолго (прил.)
Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Подолго отколку што си живеел.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа е економично, чевлите подолго ќе траат и ...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Повелете, што се вели, мевце пресно каснете, посилни ќе станете и подолго ќе живеете!...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Веруваше дека таа среќа ќе трае подолго.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Избираше време кога можеше подолго да остане во разговор со дуќанџиите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Поминало подолго време, опавчето на малото маченце заздравело но останало голо.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Оваа игра беше пријатна и Борко имаше желба подолго да потрае.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И готвените јадења подолго ќе можат да се сочуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дури по подолго барање, во најдолната преграда наоѓа ред шишиња со ракија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И сторете сѐ - по секоја цена таа да отиде в град и да се задржи таму колку што може подолго.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МЛАДИЧОТ: Не. Мислев само, ако веќе останам подолго, да се видам со еден човек.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Траеше можеби и малку подолго отколку со виковите, но исто така кусо време.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Учителска школа завршил во Скопје, а подолго време работел како учител во Битола и Скопје (тој е еден од првите учители што децата ги учел на македонски јазик во уште недоослободената татковина).
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Вечерта подолго си играв со неа, ѝ раскажав една приказна повеќе, а пред спиење прошетавме уште по една нешетана улица.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На неа веќе подолго време стоеше вагон што нигде не патува и никого не вози.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Јасно е дека во водата подолго се живее.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Всушност тој веќе подолго време, од моментот кога ја зеде пушката в раце, го очекуваше вивнувањето на тоа пламенче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чувствуваше глад за леб, за варен или печен компир, за пржена сланина, но му беше потребно подолго време да си приготви таква храна, па мораше со нешто да го залаже својот изгладнет стомак.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)