подрака прил.

подрака (прил.)

- Ах, ах... - плачеше Методија. Илко го крена, го зеде подрака да го носи дома му и слушајќи го каде што издивнува, му рече на Богуле: - Го разбирам дека му е жал...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Лила го држеше подрака и се смееше среќно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рангел излезе, со качкет намолкнат дури до уши, го зеде подрака Коча, и двајцата тргнаа в село.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што не ја земеш и ти жена ти подрака? Отидете некаде на музика.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа ме фаќа подрака и ние долго скитаме по ридот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ведро, зимско пладне... Студено е, камен пука, и на Надењка, што ме држи подрака, ѝ се нафатил сребрен скреж по кадриците на косата и по мовта над горната усна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)