покровител (м.)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нема сомнение оти и српските интереси, како и интересите на Каравлашко и Грција, си имаат свој покровител.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но таа праведност, како што рековме, се разбира инаку од Грците, Србите, Власите, Бугарите, па и големите држави, покровителки на малите, се јавуваат како претставнички на своевидни праведности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кадијата ги испрати малите идни јаничари во Истанбул и се отстрами од својот голем покровител Сулејмана, a Мариовците за првпат ја сетија грубата турска сила на својот грб и се затворија во својата непристапна дива област, решени да немаат никакви врски со лошите прилепски Турци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го прегрнува мажот нежно, покровителски и самата понесена, разнежена од ненадејната честитка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)