полигон (м.)
Во спротивно, критичката култура ќе го доживее својот целосен распад, токму на политичката сцена, значи, на општествениот полигон, кој отсекогаш беше егзотичното средиште на нејзиното ритуално исчезнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Почесто времето го проведуваше во дворот зад Пансионот кој беше ограден со висока жица и уреден како полигон за дресирање на кучиња по желба на нивните сопственици.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
За кибернетското владеење со сексуалноста природната анатомија и физиологија стануваат само полигон на технолошкото манипулирање, а со тоа стануваат покорни на интересите на самото полово уживање: на интензификацијата на половата наслада, преместување на нејзините граници како во квантитативен така и во временски опсег во досега сѐ уште незамисливи пространства.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Телевизијата како неинтерактивен медиум е идеален полигон за политичка манипулација.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тогаш уметникот може да продолжи со фрлањето на бисери пред свињи бидејќи знае дека енергијата концентрирана во бисерите има повеќе смисла од самите свињи и дека кога свињите ќе исчезнат свинскиот полигон ќе се претвори во мистериозно наоѓалиште на бисери...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сите знаеја дека овој хотел кој беше апсолутно наменет за странци, најмногу за делегации, беше еден вид истурен полигон на Централата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Денеска слушав еден куртон познат во светот ко Елтон Џон широк ауспух на полигон спремен да прими и сурла од слон Брзо се проби со педерско лоби од Џорџ Мајкл поддршка доби поддршка орална, цврста, лојална двојка идеална во собата овална
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Прифаќајќи го визионерскиот речник на големиот Жан Моне, еден од татковците на модерна Европа со нашето будно око низ парадигматичната логика оставајќи илјадници збиднувања вчера со желба и конструктивно заедничко денес... „Господинот Европа“ - Жан Моне, на стариот континент, Москва, Вашингтон, Токио, Пекинг, Њу Делхи, ги откри патиштата кон трајниот мир лулката на светска цивилизација, потиснувајќи го вечниот полигон, гробница на човечки надежи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Јордан беше отсутен како да беше некаде далеку на некој воен полигон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Командно место на полигонот за обука... - Јас сум, вториот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На полигоните постојано беа убедувани дека ќе им требаат само два - три дена, најмногу пет за да го скршат и поразат противникот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)