полпат прил.

полпат (прил.)

- Мочај колку сакаш, му велам, сега сме на полпат и мочај колку сакаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се плашам да не ме превари ноќта, на полпат да ме раздени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На полпат ми остана крикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но иако срцето ми биеше, за првпат во животот јас не сакав на полпат да останам, со средните духом.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција имаше право: јас сум можел уште тогаш да ја обезбедам својата иднина, со едно просто потпишување на текст што друг ми го составил; требаше само да станам дел од едно колективно, врвно јас – и сѐ ќе беше како треба. Вака, меѓутоа, јас бев на полпат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Завиткан во бело, тој личеше на некој ангел задреман на полпат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шармот на невидливото ќе го опседне и тука навистина ќе наликува на тебе;  ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата ќе разговара со современиците, преживеаните ќе ги препрочитува нивните мемоари и дневници ќе гази по рабовите ќе се загледува де на лево - де на десно одржувајќи рамнотежа за да стигне до крајот  со непрестан зазор да не би да падне некаде на полпат како тебе. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На полпат кон западниот ѕид, се наоѓаше влезот кон херметички затворената визба, и Даниел се сети на нешто со што ќе ја развесели својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Помисли дали и тој оваа вечер кон неа ја праќа својата мисла со надеж дека некаде на полпат ќе се сретнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рацете спружени ни се гранки растреперени, од ветришта потфатени... ама ние на полпат ќе се прегрнеме - ќе се исплачеме - Дење ми ходиш блиску до мене, ноќе ми легнуваш на десната рака, на десната рака, на правата страна...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
L Никој жив не можеше да разбере што се случуваше длабоко, длабоко во душите на Татко и Камилски кога дојдоа речиси на полпат од нивната донкихотовска борба со османскотурските заемки во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)