понамести (св.)
Стојо веќе за'рка. Митра се позаврте да се понамести да не ја глочка рогузината и заспа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откога ги понаместија појасите и тутнаа нешто во нив, излегоа на патот и трпчаа по него.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Предлага да вечераат, што побргу да го кладе жешкото Толево лице на своите образи и да му та понамести коските.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега веќе ми е подојдена душата, понаместена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)