попее (св.)
ВАСИЛКА: Викни ја нека дојде, јас да ја попеам со некој благ збор.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Чинеле врти со очите, и попеј, попеј, па - расплачи се. Така, наеднаш, недоветно. Пијана работа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сама во куќава, таа сепак пројавуваше извесна слобода во држењето и обноските, па не беше безинтересно ни да се позборува со неа, Тогаш, редејќи ја куќата, дури и си попеваше, нешто немислимо да е стариот дома.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)