пописен (прид.)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прво тропање на врати, комисијата! Последната проверка, рекле, макар што според пописните листи сѐ било јасно, прејасно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нѐ испитуваа луѓето од судот и нас. Го препознавме службеникот од пописната комисија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Пописната комисија ја срети мајка ми кога ги навадуваше цвеќињата во градината со вода од бунарот. Брзо ги воведе на чардакот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)