поправо прил.

поправо (прил.)

Грците, поправо грчките четници — андарите и нивните архиготи и капидани, пораснаа во очите на заспаните селани и кои почнаа масовно да се навалаат на страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ќе се сместат во Трајковата, поправо во Нешкината куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поправо, јас и не ги најдов нив, туку местото кајшто беа тие, пред да ги разјаде пламенот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не. Неговите очи поправо се потопени во густо црвенило.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поправо таа порано почна?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поправо и нема вистинска пролет во Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Мислевме не ви е арно.“ „Можеби и не ми е арно. Сепак јас ништо не чув“ , уморно ги дочека. „Поправо јас ноќе никогаш ништо не слушам. Месечар сум.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поправо јас би можел да седам уште, но не и Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Поправо тоа не беше една приказна, тоа беа десетина меѓусебно поврзани, во кои се славеа подвизите на тој планински делија, кој животот си го изживеал во постојана борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тунелите што се создаваа на тој начин момченцето полека се губеше, поправо тонеше, па кога некој би гледал отстрана би му ги видел само рамењата и главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа место, поправо, беше ловиштето на татенцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Инаку, да не бил Лазар пијан, поправо да не фател првин облог со нив, никогаш не ќе го сторел тоа, за ништо живо на светов не ќе ги потскажел плановите и надежите на своите луѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поправо, сами тие, Акиноските, го отпочнаа своето осиромашување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Голем Пат, пак, поправо тој би требало да се вика Широк Пат, наместа достигнува широчина и до десет метра, на северниот крај на срецелото се издвојува од Пазарџиски Пат и тргнувајќи право на запад, минува, од северна страна, помеѓу гумното на Дамчевци Џаџовци и, од јужната, помеѓу северниот ѕид на чифлигот Трпоски и авлиите на Дамчевци Мирчевци, Дамчевци Дамчевци и Бозовци Перуновци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поправо, сѐ ни текнува одеднаш и не знаеме што да прашаме побргу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За посветените таа станала проѕирна, таа, поправо, ги открива очите на нивниот ум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас, поправо, и не помислувам дека ќе бидам овде на оваа планета толку долго, тоа е само игра и иронична идеја што ми падна на ум, за да ми мине времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе