попрска (св.)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Бликна врела црвена крв и му го попрска елекот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ќе ги отвореше ќепенците, ќе го попрскаше подот со вода и со метлата ќе ја изметеше меаната.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ја отвори вратата од колибата, го попрска со вода земјениот под, па со метлата, трудејќи се да не крева многу прав, ја замете колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Штом ќе пристигнеа, тие попрскуваа сѐ во неа со црн пипер купен на црниот пазар, ја фрлаа облеката од себе и водеа љубов со испотени тела, потоа заспиваа и се будеа за да утврдат дека бубалките ги збиле редовите и се подготвуваат за контранапад.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стрчавме сите, го попрскавме со вода, а логотетот седеше на својот трон и не забележуваше, или не сакаше да забележи што се случува зад него.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Горе, огромното ѕвоно, сместено под отворената чатија на камбанаријата, беше попрскано со измет од гавраните што се собираа под покривчето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Битолските улици биле попрскани со невина човечка крв.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе направи лозарска јанија, рече, таква манџа отсекогаш сркале гроздоберачите - се прави таа со овчко месо и разен зарзават, а се залева со минатогодишното вино, со истото тоа вино со кое се попрскуваат и лозите и се благословува за поголем бериќет догодина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Туѓинецот ќе ја искористи
широкоградоста на небото
ќе влезе низ подземни порти
и со отров ќе нѐ попрска
Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Каде ни се заборавените зборови
пред кои запиравме како пред можност
да се најде изгубеното
каде се зборовите дрочни со смрчки
зборовите што нѐ попрскуваа
со нектар и семе по крилцата и ципите
срамежливи и бесрамни
зборовите заради коишто
капаците би си ги склопиле
и би се префрлиле слободно
во другото тело како во свое
во своето како во туѓо
по архимедовиот закон
со озрачени души
да не останеме полуживи и сами вечно
и од јазикот да се откажеме
доброволно, како од љубовта
при сѐ што сакавме
да бидеме заедно
уште, огин-и-ништо
залудно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но немаше сила повеќе, Исус ја спаси два пати третиот пат нѐ стигна злобното око на кнезот Тарасиј, престигна Качен на коњ високо со остра сабја во раце замавна силно бездушно, главата летна високо црвен дожд лицата им ги попрска на луѓето тоа што го видоа писнаа силно до небо...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)