поразведри (св.)
Каданите го видоа кадијата намуртен и тие се сневеселија, но тој се поразведри и почна да ги теши: – Гајрет, гајрет! Што? Се исплашивте од една ѓаурка?...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Куле се поразведри. Ја зеде торбата и извади сомун 'ржан леб и еден склопец со пиперки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најпосле го догледа и даскалот Бина, стиснат до Ташковиот ѕид и како да се поразведри, му се приближи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јован се поразведри и почна да мисли како да се претстави оваа нивна ортачка работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)