порив м.

порив (м.)

И Сулејман, којшто го продал имањето сето, гонет од младиот порив; за сабја дамасклија немаше веќе на светот она што не би го сторил...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А беше бессилен да го отстрани големото разочарување што го чекаше Велета, понесен од силни внатрешки пориви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тревогата неусетно му го полни срцето со порив да се покаже, да се истакне, да го видат и чујат еднаш и него. Трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силен внатрешен порив постојано го гонеше да ѝ говори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа, по некој внатрешен порив таа почнува да ги турка фотелјите, столовите, да расфрлува сѐ по собата, давајќи ѝ со тоа вид дека е таква по битка и сугерирајќи дека Младичот, по борба, му избегал на Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Повнимателната анализа на македонската народна песна, не само низ нејзината литерарна структура туку и низ нејзината мелодична линија, ми откри три света: свет на темно и болка, свет на неповторлив љубовен порив и нежност и свет на магија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога ќе исчезнат конкретните облици, кога ќе се случи да блесне песната во нов замаглен предел, дамнешното кога ќе се престори во некој притаен порив по нешто што не се преповторува, видливото кога ќе се преобрази во одблесок на невидливо, ете, и во тоа е смислата на поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Подарок негов за чедноста на случајот пресоздаден во љубовен порив: килибарот ќе се сеќава на борот – девојките ќе вишнеат кон него!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Беше рана пролет, кога почнуваат да плачат врбите и лозјата, па може од тој ист порив на сите ни идеа солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мојот животински порив, желбата за крв и не поднесување на авторитетите ме донесе до ова.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И така кога заживеавме во градот и кога ги однесоа последните остатоци од војната, во нас децата се будеше желбата, или тоа беа пориви на неопределен инстинкт по поразите нешто да освојуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А мене сосема ми недостига таков демонски порив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали приближно и веројатно психолошки фалсификувајќи можете да се обидете да го реконструирате тој порив на еден тинејџер да слика големи платна во стилот на Караваџо.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За мене популарната култура е непроценлив извор на разновидни и противречни надразби и пориви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои родители свесно го гушат ликовниот порив кај своите чеда плашејќи се од несигурната иднина на уметничката професија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во таа смисла на жените не им се потребни шокантни трансгресивни постапки со коишто „модерните примитивци“ ги изразуваат своите примарни пориви, бидејќи експлицитното женско тело на сцената веќе самото по себе е трансгресивно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Прифатив: - Но сепак марксизмот, како нова доктрина, се надоврзуваше на вечните човекови религиозни пориви да се промени постојниот свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потребата да се тетовирате станува опсесија, некаков вид племенски порив. ÂÂ Дали е променет вашиот однос кон телото откако дознавте дека сте ХИВ позитивен? ÂÂ Тешко прашање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе