посада (ж.)
Во овој кораб е страшниот капетан Симеон со својата храбра посада.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Синовите на Гури Порадеци, со различна среќа му се препуштија на бизнисот, а најмалиот стигна да стане и член на посадата на еден вселенски брод на НАСА, што кружел околу планетата земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
109 На 19 декември 1943 година е формиран баталјонот “Христо Ботев“ како трет баталјон на Третата оперативна зона откако првата воена единица на бугарската окупаторска армија од 60 војници од бугарската гранична посада во с. Коњско, кои по долга политичка работа од страна на партиските активисти на КП од теренот со нивниот командат Дичо Петров преминаа на страната на единицитите на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Потопувањето на „Гвадалкивир“ било планирано да се изврши недалеку од брегот, со единствена цел - бродот да се уништи, но по можност да не настрада никој од патниците и од посадата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во прво време капетанот и посадата не можеле да се снајдат, но брзо се прибрале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Самиот Шатев признава дека некој од посадата бил во ходникот и дека за тоа морал да го чека додека тој не се оддалечи, за да може безбедно да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На 23 април 1913 се предала посадата на Скадар и непријателствата биле прекинати.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)