посен прид.

посен (прид.)

Ти си ситна риба, Спирко, посна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Си имаме една земја, посна, сува, поскоци се ездат во неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нивчињата ни се присојни, посни, колку да се вели дека имаш. И житото му е планосано од некои болвајци и глотежи. Класот му е празен, ама мораш да го собереш. Барем сламата да ја извадиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И насмевката му е сиромашна ко посен селски ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стариците се шуткаат преку ден по гробиштата, доаѓа есен, ќе им треба нов дом, а децата бавно растат - чорбичката им е на посна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така, посна, ми вели, не сакаш на живот да пробаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така еднаш се сетиле да го замолат Петрета на деновите како што се света Петка, свети Никола, Пречиста, Аранѓел, Божиќ и Велигден тој да го прочитува апостолот „колку да не ни е манџата ептен посна“, како што му рекле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Земјата ни е посна и песоклива. Не ќе има што да се меле. Камења камен не дробат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакам посни сарми во петок, мрсни во сабота.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Нашето минато, нашата сенка без која не би биле сега овде збрани во слава на Светиот оган сред длабоката темнина на шумата подготвени да го каснеме посниот залак испржена риба пред да се појави другиот оган - небесниот диск, врз почетокот на нашата преобразба.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
„Не требаше толку да се натупам од посниот грав“, си рече, правејќи стратегија како да шмугне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Домаќинките принесуваат секоја што има и колку има: посни сармички, бело гравче, ситни колачиња.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Најмалото, фатено за нејзината рака, се смееше поради доживувањето, чиј денешен еквивалент би бил патување во Египет, зашто ќе оди кај тетка, а таму ќе има и гравче и посна сарма и кикиритки и леблебија... и по малку суво грозје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Посна трпеза - леб, гравче, пиперка, кромид.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)