поскурник (м.)
Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)